Хотел ПАНОРАМА СПА
- Крушево

 

 

Лоциран во густата букова корија издигнат над градот се наоѓа хотел ПАНОРАМА СПА.
Од нашите тераси може да се ужива во најубавиот живописен поглед на Крушево



Хотел ПАНОРАМА


Изграден во далечната 1971 година а комплетно реновиран и дограден во 2018 година.
Новиот и ултра модерн хотел има капацитет од 46 до 54 легла.

Во однос на тоа на располагање се:
12 двокреветни
2 трокреветни соби
и 6 апармани од кои 2 луксузни

Архитектонски одлично решени и испланирани, ентериерно модерно спремени со спој на дрво и камен, секоја соба и апарман е со прекрасен поглед на градот. Сите соби и апармани се опремени со: централно ладење и греење, ТВ; интернет, кабловска со 70 програми, мини бар, сеф.
Освен ова, луксузните апармани се збогатено со камин и самостоечки кади во спалната соба.


Ресторан ПАНОРАМА


Хотелскиот ресторан е со капацитет од 150 седишта и во склоп на ресторанот има и две големи надворешни тераси со околу 200 седишта. Новоопремената кујна која ќе работи 24 часа и љубезниот персонал ќе се погрижат за ваше ганстрономско уживање. Се служи национална храна збогатена со локални специјалитети.

Исто така и лоби барот работи 24 часа заедено со 24 часовна room service услуга.


SPA & WELLNESS


За максимално уживање на нашите гости на располагање е СПА центарот кој е опремен со затворен базен, џакузи, сауна, релакс соба со топли лежалки и надворешна тераса со лежалки.
За релакс и медицинските масажи и третмани ќе се погрижат обучени масери. Користењето на услугите на спа центарот се бесплатни за хотелските гости, но ќе бидат достапни и за надворешни посетители.

Просторната теретана како и соблекувална за истата е опремена со најсовремени справи за вежбање и стои на располагање на нашите и надворешни гости.

Хотел ПАНОРАМА СПА – Крушево има сопствен приватен паркинг кој го опслужува капацитетот на хотелот.

Изнајмување на скии и велосипеди е дел од нашата богата понуда за гостите со авантуристички дух. Долгите и подготвени велосипедски патеки покрај хотелот и околу градот ви го овозможуваат истото.


ИГРОТЕКИ


За нашите најмили, за дечињата обезбедивме две игротеки – внатрешна која се наоѓа во хотелското лоби и надворешна.

Лизгалки, нишалки, масички со столови, замок, куќарки, трамболина, колички за возење се само еден дел од реквизитите за детско уживање.


БИЗНИС


За семинари, конференции, team building и работилници ви нудиме една конференциска сала со капацитет од 100 посетители, опремена со најсовремена техника.

Ви нудиме и една ВИП сала за бизнис состаноци со капацитет од 20 посетители.