Спа центар

За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото.

Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна.

За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице.

А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).

Spa
Girl on massage in the spa salon

Спа центарот е слободен за користење за гостите од хотелот.

За надворешни посетители:

– 3 часа во Спа центарот од понеделник до четврток изесуваат 600 денари

– 3 часа во Спа центарот од петок до недела изнесуваат 1200 денари

 

За третманите и масажите информирајте се на 072 808 808.

Спа центарот е отворен секој ден од 10h до 22h. Закажете однапред на 072 808 808.