Скиjачки центар
Лоциран на падините на Бушова планина, скијачкиот центар е како измислен за првите скијачки и санкачки искуства, а има патеки и за поискусните скијачи. Жичарата ве води од центарот на Крушево до скијачките терени и до ски-лифтите. Центарот има опрема за вештачки снег и возила за обработка на патеките.
Пуштете ги зимските убавини и спортот целосно да ве освојат!
Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се со 50% попуст за гостите на Панорама Хотел и Спа.
Авантуристички парк
Ако сте жедни за авантури и адреналински доживувања на чист воздух и на 1.400 метри надморска висина, од следната сезона ве очекува и адреналинскиот парк.
Подгответе се за возбудливи изненадувања!
Најмување велосипед
Крушевскиот крај е вистински велосипедски рај. Во коријата и зад коријата, по околните ледини, падини и гори има огромен број волшебни предели кои трпеливо чекаат да ги откриете.
Ако се одлучите за незаборавна прошетка со велосипед, во ПАНОРАМА хотел и спа за изнајмување на штрек, ве очекуваат 15 одлични планиснки велосипеди Трек.
Посета на крушевска влашка куќа
Подготвени ли сте за патување низ времето? За незаборавна средба со традиционалната крушевска архитектура?
Сакате ли да ѕирнете зад портите на величествените
влашки куќи? Да ги видите древните чардаци, долапи и одаи, во кои се напластиле сеќавањата?
Ако одговорот е потврден, повелете и придружете ни се во организирана посета на старите крушевски куќи!
Лет над Крушево
По големиот број успешно одржани национални, европски и светски првенства, веќе цел свет знае дека Крушево е едно од најатрактивните места за летање со параглајдер на Планетава. Ако сакате да си приредите незаборавно летечко искуство и ако сакате да проверите како изгледа пола Македонија од птичја перспектива во ПАНОРАМА хотел и спа можете да закажете лет со тандем параглајдер, водени од врвни летачи. Небото над Крушево Ве повикува.
Јавање коњи низ крушевската корија
Искусете незаборавно доживување низ недопрената природа на планинско Крушево! Јавањето коњ е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој волшебен крај.
Расположени ли сте за авантура?
Придружете ни се и стекнете искуство што ќе се памети!
Пешачење
Пешачењето во природа е еден од најсигурните влогови во здравјето. Да се пешачи по планините и шумите околу Крушево е вистински благослов. Но доколку ви треба искусен водич, кои ќе ви ги открие скриените убавини, притаени како шумски јаготки, обратете се на рецепција.
За повеќе информации и резервации, контактирајте ја рецепцијата на Панорама Хотел и СПА: +389 72 808 808