Скиjачки центар

Лоциран на падините на Бушова планина, скијачкиот центар е како измислен за првите скијачки и санкачки искуства, а има патеки и за поискусните скијачи. Жичарата ве води од центарот на Крушево до скијачките терени и до ски-лифтите. Центарот има опрема за вештачки снег и возила за обработка на патеките. Пуштете ги зимските убавини и спортот целосно да ве освојат!

Авантуристички Парк

Ако сте жедни за авантури и адреналински доживувања на чист воздух и на 1.400 метри надморска висина, од оваа сезона ве очекува и адреналинскиот парк. Подгответе се за возбудливи изненадувања!

Најмување Велосипед

Крушевскиот крај е вистински велосипедистички рај. Во коријата и зад коријата, по околните ледини, падини и гори има огромен број волшебни предели кои трпеливо чекаат да ги откриете.

Ако Ве привлекуваат незаборавните прошетки на тркала во хотел и спа Панорама за изнајмување на штрек ве очекуваат 15 одлични планиснки велосипеди Трек.

Јавање Коњи

Искусете незаборавно доживување низ недопрената природа на планинско Крушево! Јавањето коњ е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој волшебен крај. Расположени ли сте за авантура?

Придружете ни се и стекнете искуство што ќе се памети!

Тури со водич

Подготвени ли сте за едно временско патување? За незаборавна средба со традиционалната крушевска архитектура? Сакате ли да ѕирнете зад портите на велчествените крушевски куќи? Љубопитни ли сте да ги видите древните чардаци, долапи и одаи, во кои се напластиле сеќавањата? Ако одговорот е потврден, повелете и придружете ни се во организирана посета на старите крушевски куќи!

Пешачење

Пешачењето во природа е еден од најсигурните влогови во здравјето. Да се пешачи по планините и шумите околу Крушево е вистински благослов. Но доколку ви треба искусен водич, кои ќе ви ги открие скриените убавини, притаени како шумски јаготки, обратете се на рецепција.

Тандем Параглајдинг

По големиот број успешно одржани национални, европски и светски првенства, веќе цел свет знае дека Крушево е едно од најатрактивните места за летање со параглајдер на Планетава.

Ако сакате да си приредите незаборавно летечко искуство и ако сакате да проверите како изгледа светот од птичја перспектива можете да закажете лет со тандем параглајдер, водени од врвни летачи.


essay writing