На саемот за туризам кој се одржа во Нови Сад, Србија од 30.11 до 02.12, хотелот Панорама Спа успешно се претстави пред 240 учесници од 10 земји.
Нашиот хотел доби:
– Признание за хотелско сместување,
– Признание за базенски простор,
– Признание за работен простор
Хотелскиот ресторан ALTO доби:
– Признание за ресторанска услуга
Нашиот адреналински парк и ски центар Panorama All Seasons Adventure добија:
– Признание за адреналински парк,
– Признание за ски центар
Нашата посветеност за развој на нашите капацитети во Крушево полека но сигурно се етаблира во регионални рамки со што директно придонесуваме за развојот и просперитетот на македонскиот туризам